Now loading.
Please wait.

Menu

+389 2 3065-055

contact@stepup.com.mk

FAQ

HomeFAQ
HomeFAQ

 

Најчести прашања и одговори

Q:

Што подразбира селекцијата?

A:

Селекцијата е процес кој се одвива во фази кои вклучуваат интервјуа и тестирање преку кој ќе се изберат најдобрите кандидати.

Q:

Дали возраста има улога при селекцијата?

A:

Условите предвидуваат кандидатите да се запишани во прва или втора година на факултет, без оглед на возраста на кандидатите.

Q:

Дали стипендијата ќе се прима секој месец во текот на целата година?

A:

Стипендијата се исплатува месечно, во текот на целата година се до завршување на студиите, доколку стипендистката/от ги исполнува предвидените услови за редовно студирање и постигнат успех.

Q:

Дали активностите надвор од училиштето се клучни за изборот?

A:

Ваквите активности не се клучни, но играат важна улога при селекцијата на кандидатите.

Q:

Дали имам право да ја одберам фирмата што би сакал да ме стипендира?

A:

Пред фазата на тестирање ќе имате можност да не информирате дали и за која фирма имате интерес.

Q:

Кога ќе знам дали сум добитничка/к на стипендија?

A:

Конечната одлука ја носат компаниите по финалното интервју со кандидатите кои биле повикани на него.

Q:

Дали ќе бидам известен доколку не бидам избран?

A:

Сите кандидати ќе бидат повратно информирани за финалниот исход од процесот на селекција по изборот на добитниците на стипендија.

Q:

Дали ќе се прифати мојата пријава доколку имам понизок просек на оценки?

A:

Предноста се дава на оние студенти кои ги исполнуваат сите услови. Доколку бројот на студенти не го достигнува бараниот минимум на кандидати, Вашата апликација исто така ќе биде земена во предвид.

Q:

Што се случува со стипендијата доколку не го остварам бараниот просек или не ги исполнам условите за студирање во текот на студирањето?

A:

Постојат две можности што зависат од одлуката на стипендиторот: да го раскине договорот за стипендирање со обврска на стипендистот за враќање на претходно исплатениот износ или да се стави стипендирањето во мирување, се до исполнување на условите од страна на стипендистот.

Q:

Дали морам да посетувам летна пракса?

A:

Летната пракса во траење од еден месец кај стипендиторот е задолжителна.

Q:

Какви мерки презема СТЕП-АП за развој на стипендистите?

A:

СТЕП-АП, како посредник при стипендирањето, ќе организира обуки за развој на деловните и меките вештини во согласност со потребите на стипендистите во текот на годината, менторирање и кариерно советување за стипендистите како дел од редовната програма. СТЕП-АП ќе нуди и факултативни обуки надвор од редовната програма.

Q:

Дали постои опција сами да одбереме каков тип на обуки ќе посетуваме?

A:

При дефинирањето на програмата, ќе се земат предвид преференциите на стипендистите, стипендиторите и резултатите од тестирањата. Стипендистите и стипендиторите ќе имаат можност да избираат по своја иницијатива и од понудените факултативни обуки.

Q:

Дали по завршувањето на студиите морам да се вработам кај стипендиторот?

A:

Доколку не договорат поинаку, стипендиторот има обврска да понуди вработување, во спротивно стипендистот е ослободен од поврат на стипендијата, а стипендистот има обврска да се стави на располагање за вработување кај стипендиторот, во спротивно има обврска да го врати примениот износ со законска камата.

Q:

Какви се последиците доколку го прекинам работниот однос пред договорениот рок?

A:

Стипендистот има обврска да оствари работен однос по завршување на студиите во рок дефиниран со договорот, но не повеќе од 36 месеци. Доколку не го испочитува овој рок, во тој случај треба да врати пропорционален дел од вкупно примениот износ за стипендија.

Q:

Дали доколку сум се пријавил за стипендија во прва година и бидам одбиен, автоматски ми се скратува правото да се пријавам во втора година?

A:

Секако дека не. Вакви огласи ќе се објавуваат секоја наредна година и секој кој ќе ги исполнува условите согласно тековниот оглас е добредојден да аплицира.